Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јотова за БНТ: Луѓето со бугарска самосвест се подложени на дискриминација во Северна Македонија

Луѓето со бугарска самосвест се подложени на многу тешки испитувања и дискриминација во Северна Македонија, истакна потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова за БНТ.

„Ќе го известиме комесарот за човекови права во Советот на Европа, бидејќи последните извештаи што се појавија од таму не беа прилично добри за земјата. Луѓето со бугарска самосвест се подложени на многу тешки тестови и дискриминација. Бугарија ќе внимава на однесувањето на македонските власти за продлабочување на јазикот на омразата и навремено ќе бидат известени сите европски институции“, рече Јотова во „Денот започнува со Георги Љубенов“.

Според неа, Бугарија мора да одговори со сите средства како по однос на европските партнери така и билатерално.

„Да беше до Кирил Петков, тој уште во јануари без никакви услови од бугарска страна, ќе го укинаше ветото, но фала богу не му беше дозволено“, потенцира Јотова.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК