Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаВо тренд...

(Видео) Каевски: СДСМ успешно менаџира со енергетската криза, се што кажа Мицкоски излезе лага

„Преку одговорен пристап, со навремени и ефикасни мерки, Владата предводена од СДСМ на дело покажа успешно менаџирање со последиците од глобалната енергетска криза. Истовремено, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката и се што заложникот на Апасиев и Левица кажа, на крајот излезе погрешно“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

„Мицкоски свесно и намерно ги лажеше граѓаните дека енергетскиот сектор само што не пропаднал, дека за оваа зима нема да имаме доволно електрична енергија и енергенси. Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите. За првпат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство“ порача Каевски.

Тој рече дека „Мицкоски паничеше и велеше да се набави гас одеднаш за цела грејна сезона, во период кога цената на овој енергенс рушеше рекорди. Ако се послушаше Мицкоски сега државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра. Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста и дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми. Денес, цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија“ порача тој.