19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Создаваме одржлив, профитабилен и конкурентен земјоделски сектор, владините мерки и ИПАРД Програмата даваат резултати

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Ресен ја посети фабриката „Деалтаск Фреш“, која е позитивен пример како преку максимална искористеност на владини мерки и програми, како и на ИПАРД Програмата, може да се развие и зајакне македонското производство. Ковачевски истакна дека компаниите и земјоделците ги препознаваат придобивките од ИПАРД, а „Деалтаск Фреш“, е уште една успешна ИПАРД приказна. Компанијата, парите од европските фондови ги инвестирала во модерна опрема, а исто така оваа компанија е дел од зелената трансформација на државата, и тие инвестирале во фотоволтаици, препознавајќи ја исплатливоста на оваа инвестицијата посебно во услови на енергетска криза.

„Потврда за нашата одговорност и сериозниот пристап кон европските фондови, е што Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија, а 20 милиони евра се национално кофинансирање. Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД програмата. Парите во целост ги насочуваме кон земјоделците, бидејќи на долг рок тоа значи профитабилно и конкурентно земјоделство, но и основа за развој на македонската економија.

Политиките што ги креира Владата се сеопфатни и никого не изоставуваат, без разлика дали станува збор за проекти за развој на општините, за мерки за ублажување од енергетската криза, дали се работи за програми од европски фондови, ние мислиме на секого, затоа што сите граѓани за нас се подеднакво важни“, изјави премиерот.

Спонзорирано: