Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Истрага против охриѓанец за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите – “не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Можеби ќе ве интересира

СО СКАЛПЕЛ СЕ ОБИДЕЛА ДА ОДЗЕМЕ ПАРИ ОД 18-ГОДИШНИК – Кривична пријава против скопјанка

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ НИЗ СКОПЈЕ – Пет лица завршија во полиција

ДЕСК

ПИРОТЕХНИКА ПРОНАЈДЕНА КАЈ НАВИВАЧИ ПРЕД НАТПРЕВАРОТ ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС – Двајца приведени

ДЕСК