Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Апсења во Радовиш: Со лисици на рацете завршија 4 млади, меѓу кои и малолетник

На 17.01.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела. Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК