Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МНР побара од Софија да се огради од недоличните изјави на одредени маргинални политички фигури од Бугарија

Министерството за надворешни работи побара од официјална Софија да се огради од недоличните изјави на одредени маргинализирани политичари од Бугарија, искажани вчера за време на чествувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје.

„ МНР со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави.

Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“ соопшти МНР.

Ова следи во вчерашните реакции по изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски, кој во центарот на Скопје во негов стил провоцираше за историјата меѓу двете земји. Џамбаски во дел од својот говор ги повика „владејачките елити во Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната“. На видеото на Фејсбук, Џамбаски напиша „Еден народ! Две држави!“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК