17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска на министерска конференција на Алијансата „Баукултур“ во Давос

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска и утре ќе учествува на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, која, под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност“, се одржува во Давос, Швајцарија.

Заедно со министрите за култура од повеќе од 20 европски земји, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе има свое излагање на панел дискусијата, која ќе ја отвори претседателот на Швајцарската конфедерација, Алаин Берсет.

Во фокусот на Конференцијата ќе биде основањето на Алијансата „Баукултур 2023“, која преку иницирање континуирана размена и вмрежување ќе даде поддршка и помош во истражувањето на можностите за подобра соработка меѓу власта, граѓанското општество и индустријата за градежништво и недвижен имот. Формирањето на Алијансата треба да овозможи решавање на итни прашања поврзани со подобрување на квалитетот на животната средина.

Министерката Костадиновска-Стојчевска на маргините на Конференцијата ќе има билатерална средба со генералната секретарка за современа култура при Министерството за спорт на Република Грција, Елени Доундолуаки, на која ќе разговараат за отворање нови можности за зајакнување и унапредување на соработката во рамки на веќе потпишаните договори и програми помеѓу двете земји.

Освен министрите за култура, на Конференцијата ќе учествуваат и меѓувладини, стручни и граѓански организации, како и експерти од областа на финансиите, недвижностите и градежната индустрија.