Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

174 санкционирани возачи во Скопје, 11 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возач почетник.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК