Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд поведе постапка за Одлука за донесување на ДУП во Општина Карпош со кој се овозможува изградба на бензинска пумпа

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.

Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош на дел од сообраќајната инфраструктура.

Имено, Уставниот суд во оваа фаза оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото.

Дополнително, на денешната седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, или воведена е т.н. времена мерка која се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука.

извор Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Со налепници биле оштетени знаци, патокази и информативна табла

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

ДЕСК

Претрес во Гостивар, лишено од слобода едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

ДЕСК