Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Убава вест: Пронајдено исчезнатото лице од кратовско – жив и здрав

Регионалниот ЦУК Кратово извести дека денеска од Полициската станица од општа надлежност (ПСОН) Кратово е добиено известување дека исчезнатото 41-годишно лице од с. Татомир во текот на претпладневните часови. Тоа е реализирано во координација со месното население. Конкретно, исчезнатото лице е пронајдено од жител на соседното село Сакулица. Од страна на припадниците на ПСОН Кратово е прифатено и донесено во Здравствен дом Кратово. Лицето по медицинскиот преглед е вратено кај неговото семејство.

Инаку, согласно информациите и координацијата од ЦУК и од Регионалниот ЦУК Кратово се одвиваше планираната континуирана потрага по исчезнатото 41-годишно лице со попреченост од с. Татомир од неделата. На терен беа припадници на Полицијата од (ПСОН) Кратово, Шумска полиција, Територијалната противпожарна единица, Здравствен дом Кратово, Инспектори од СВР Куманово како и од единицата за трагање со кучиња трагачи од МВР Скопје, на Локалната самоуправа, а и на семејството, а биле информирани и вклучени и другите институции и месни жители согласно можностите. Покрај локалните институциите и Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Кратово биле известени и претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а и од Центарот за социјални работи.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК