Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Енергетската трансформација е во тек, нови 150 мегавати од обновливи извори

Енергетската трансформација во државата е во тек, со забрзано темпо се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори. Минатата година пуштени во употреба се 141 мегават обновливи извори на енергија, а на крајот на оваа година ќе се инсталираат 300 мегавати. Минатата година издадени се лиценци за 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, а тоа е капацитет за снабдување на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека досега ова е рекордна изградба на нови капацитети од обновливи извори на енергија во една година. Со правилна поддршка и правилно менаџирање државата може да се трансформира во центар на зелена енергија и да се обезбеди енергетска независност.

Владата на СДСМ е посветена на постигнување сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем, кој е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата, кој ја заштитува животната средина и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК