Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со официјални информации за убиството на “Рузвелтова”

На 11.01.2023 во 15.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода М.Ј.(41) од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ во Скопје со остар предмет им нанел повреди на неговата мајка В.Ј.(69) и неговата баба Д.И.(92), двете од Скопје, кои им подлегнале на повредите.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +