Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Славески прифаќа дел од мерките, потребна е седница на Советот за загадениот воздух во Скопје

Советничката група на СДСМ, со поддршка од советниците од ДОМ и ЛДП, поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадувањето во главниот град. Покрај иницијативата, СДСМ предлага и седум мерки кои ќе доведат до намалување на загадувањето, соопштија од владејачката.

„ Дел од тие мерки се прифатливи и за претседателот на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски, па оттаму очекувано е тој да ја закаже седницата за која е поднесена иницијативата.

Во време кога Скопје е на врвот на најзагадени градови во светот, нема простор за политика, потребна е седница на Советот на која ќе се носат мерки и решенија.

Здравјето на граѓаните е најважно, затоа Советот на Град Скопје и градската власт треба да реагираат што побрзо за да се намали енормното загадување на главниот град“ додаваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК