13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети, придружуван од првиот вицепремиер г-дин Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ г-дин Фатон Ахмети и шефот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ г-дин Арбр Адеми, денеска во Тирана остварија средба со претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај.

Билатералните односи се оценети како традиционално добри кои придонесуваат за продлабочување на соработката, нагласувајќи го фактот дека меѓу двете земји нема отворени спорови, па оттука и императивот соработката да продолжи на сите полиња.

На средбата беше истакната досегашната висока соработка, поддршката и посветеноста во процесот на евроинтеграциите како земји кои чекорат по истиот пат.

На оваа средба се разговараше за состојбата на северот на Косово и непосредната потреба од постигнување мировен договор со взаемно признавање меѓу двете земји со цел стабилност на Балканот.

Ахмети го информираше претседателот Бегај за ратификацијата на Договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични проверки „Едношалтерски систем“, нагласувајќи дека овој проект мора брзо да започне со реализација, за забрзување и поедноставување на движење на луѓето и стоките.

На средбата се разговараше и за важни проекти како што е Коридорот 8, кој е опишан како патен и железнички јазол кој започнува од пристаништата во Бугарија, поминува низ Северна Македонија и Република Албанија и завршува во Бриндизи, Италија. Ахмети и Бегај истовремено го поздравија вклучувањето на овој проект во главната европска TEN-T мрежа, бидејќи истиот отвора нови можности за финансирање на нови железници, пристаништа и патишта.
Исто така, за време на разговорот за проектите меѓу двете земји, пристаништето Драч и сувото пристаниште во Струга, што е дел од Договорот за соработка меѓу двете влади за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки, инвестиција која претставува иновативна и модерна димензија и ги надминува димензиите на национален проект за развој на Западен Балкан.

Спонзорирано: