Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредена жена по удар од автомобил на паркинг

61-годишна жена од Тетовско добила тешки повреди по удар од автомобил на паркинг.

Имено, вчера, во 15.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на паркинг на улицата Киро Ристевски-Дрнц во Тетово, патничко возило „ситроен“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната тетовка Е. З., удрило во 61-годишната И. С. од тетовска Гургурница.

Во несреќата И. С. добила тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

Според полицијата, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК