Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Нема да се поништи Колективниот договор, СДСМ нема да ускратува работнички права

Не е точно дека сакаме да го поништиме колективниот договор, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во „Топ тема“, откако претходно Синдикатот за култура обвини дека евентуалниот нов Закон за плати во јавен сектор упатува кон укинување на колективниот договор во културата. Министерката повтори дека уште во март кажала дека колективниот договор нема да го раскине и да оди против вработените во секторот.

-Ова е еден од најдобрите колективни договори, одбивам да се прави перцепција во јавноста дека се врши одреден притисок за негово укинување. Тој договор беше потпишан и покрај различните мислења. Во буџетот за 2023 година и онака средствата за покачените плати се веќе обезбедени, а поголема сигурност за тој колективен договор од ова нема, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека целта на работната верзија на Законот за платите за јавен сектор, е да се чуе какви се мислењата на синдикатите.

-Ако беше цел на власта да се укине колективниот договор тогаш немаше да се предвидат средства во буџетот за повисоките плати. Законот е во работна верзија и треба забелешките да ги упатите кон предлагачот на законот. Како министер за култура, како потпретседателка на СДСМ нема да застанам зад ускратување на било кое работничко време. Ова е верзија на закон и треба да се дадат забелешки за да се изнајде најдоброто решение, рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК