Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ да не тера инает, потребна е седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух, смета СДСМ

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија укажа на поребата од седница на Град Скопје посветена на мерки за загадениот воздух.

Партијата до опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача да не тера инает туку да ги прифати мерките и предлогот за вонредна седница.

„Скопје изминатите денови беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем. За жал, сите Скопјани скапо ја плаќаат цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска“, велат од СДСМ.

Партијата предлага итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, чистење/миење на улиците и јавните површини со цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +