Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Поради појава на магла, намалена видливост до 100 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, Македонски Брод – Кичево и на планинскиот превој Плетвар, и тоа од 50 до 100 м на патниот правец Штип – Струмица и Штип – Неготино, од 50 до 100 м на патниот правец Тетово – Скопје и од 100 до 150 м на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и Св. Николе – Куманово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.