Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница за доиздржување казна затвор

Приведен криминалец кој e баран со потерница за доиздржување казна затвор.

Според информациите од МВР, вчера во 17.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.А.(30) од с.Бузалково.

Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеци од казната.

Лицето било спроведено во установата доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК