23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерката Тренчевска на предновогодишна дружба со децата од градинката „Димче Мирчев“-Велес и децата на улица од Дневните центри

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети Јавната детска установа „Димче Мирчев“, во Велес каде што покрај предновогодишната приредба во изведба на децата од оваа градинка, во духот на новата година се оддржа и детска претстава во која учествуваа Снежана Конеска -Руси и Дедо Мраз.

Детската претстава одиграна од страна на актерите, беше можност и за промоција на сликовницата „Новогодишна сказна“, која покрај кириличното писмо, го има и знаковниот јазик и брајовото писмо. Низ приказна на децата им беше истакнато значењето на инклузијата односно на вклученоста на сите во општеството, како и дека различностите треба да се почитуваат и прифаќаат. Примероци од оваа сликовница добија библиотеките на сите градинки во Велес.

Денешниот последен работен ден, беше заокружен со дружба на децата од Дневните центри за деца на улица од Шуто Оризари и Кисела Вода, како и Прифатниот центар за бездомни лица -Чичино село. Децата имаа можност да го посетат Планетариумот во Младинскиот културен центар како и да се дружат со македонските рапери Zeebomb.

Министерката Тренчевска на сите деца градинката Димче Мирчев и од Дневните центри им посака многу радост, смеа, љубов и уште многу вакви убави дружби во новата 2023 година.