Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Арачиновец осомничен за грабнување во липковско

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново, за кого постои основано сомнение дека, во соизвршителство со друго за сега непознато лице, сторил кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 7 декември, од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот со кој била во бракоразводна постапка. На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК