Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Ахмети имаат зад себе година на криминал, корупција и осиромашување на народот

„Власта на Ковачевски и Ахмети има зад себе година со 365 скандали. Народот и стопанството осиромашуваа, а корумпираните функционери ги полнеа своите џебови. Се обезвреднуваше државен имот и се местеа тендери, се со цел луѓе блиски до власта да се збогатат“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека „над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, оризопроизводителите, вработените во Македонски пошти, Колска и многу други компании не можеа да си го наплатат трудот, ама затоа Управата за водење матични книги дала тендер за дигитализација на компанија формирана непосредно пред распишување на јавната набавка“.

„Ова беше година која ја одбележаа злоупотреби на службената должност и злоупотреба на народни пари. Па така дознавме дека ген-секот на влада Мухамед Зеќири се товари за предизвикување на штета на државниот буџет во висина од скоро еден милион евра за сомнителна физибилити студија за приватизација на Пошта. За овој случај истрагата не се прошири да се види кој од претпоставените на Зеќири учествувал во ова дело, односно дали Заев или други министри го поттикнале делото“ се вели во партиското соопштение.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е „Оваа криминогена власт планира да продолжи како и до сега. Тоа мора да запре. Македонија може и мора да има нова власт која ќе работи во интерес на граѓаните“.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК