Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Серија физички пресметки во локали во центарот на Скопје

На 28.12.2022 во 01.35 часот во Полициската станица Центар, М.П.(23) од Куманово пријавил дека околу 01.10 часот, додека бил на работното место во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.12.2022 во 03.30 часот во Полициската станица Центар, З.А.(44) од Скопје пријавил дека во 02.45 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Т.С.(42) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.12.2022 во 06.00 часот во Полициската станица Центар, Ф.Г.(33) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат со тврд предмет од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК