Процесот на пристапување е долг и има многу отворени прашања, во тие прашања или ќе успееме да ги совладаме или тие ќе не совладаат нас и ќе не блокираат, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во гостувањето во Сител телевизија.
-Но она што е битно по првпат, ние секогаш сме биле блокирани од друга држава, и ние по првпат доколку бидеме блокирани наредната година ќе бидеме блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, значи ветото ќе биде од нив, значи од наш политички фактор. И тоа ќе биде навистина трагично зашто држава која толку многу пострадала во билатералните прашања во својот 17 годишен период на чекање и кандидатура за ЕУ, истакна Маричиќ.
Во однос на борбата со корупцијата тој кажа дека таму има многу прашања кои се однесуваат на нашиот систем и токму затоа се преговорите за членство за тие прашања да се надминат.
Зборувајќи за изборот на шефот на Обвинителството за борба протв организираниот криминал Маричиќ кажа дека секому треба да се даде шанса.
-Тој човек е избран со гласовите на обвинителите, не го избрало ни Собранието, ни владата, ни советот на обвинители. Секој човек што има функција има свој интегритет и одговорност и секому треба да се даде шанса да покаже како ќе ја врши работата, истакна Маричиќ.