„Во само еден ден расипничката власт објавува оглас за 137 вработувања на буџет, во администрација! Ова е показател за расипништвото и целосната забеганост. Во само еден ден нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и не дава за лек за цистична фиброза. Ова е начинот на кој се справува со кризите. Ова е примерот за политиката ‘намалување на обемната администрација’ за што се фалеа. Полнење на администрацијата со партиска војска, во услови на криза, во само еден ден 137 државни службеници“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој напомена дека „овие вработувања се дополнителен товар на земјоделците, дополнителен товар на работниците дополнителен товар на сите што се во реалниот сектор. Нема пари за студентите, нема пари за земјоделците, нема пари за лекови за пациентите што протестираат пред Здравство, ама има пари за партиската војска на СДС и ДУИ“.
„Од овие огласи за државни службеници, 100 во Министерството за финансии, 22 во Собранието, 9 во Министерството за труд и социјална политика, двајца во Фондот за пензиско и четворица директно во кабинетот на Димитар Ковачевски во Владата. Овој се огласи за 137 места, со просечна плата од 30.000 денари за плата и придонеси. Тоа се речиси еден милион евра в година за плати и придонеси за партиските вработувања на СДС и ДУИ сега, во пресрет на Нова година“, порача Стоилковски.