Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд годинава со 41% помали сметки за електрична енергија споредено со минатат година

Уставниот суд информира дека во текот на септември, октомври и ноември 2022 година одговорно и домаќински работеше придржувајќи се до препорачаните мерки за штедење на Владата во текот на енергетската криза.

Согласно направената анализа платени се сметки за електрична енергија во износ кој е за 41% помал од она што е платено лани за септември, октомври и ноември.

Минатата година Уставниот суд за сметките за електрична енергија издвои околу 436 илјади денари за трите месеци, годинава за истиот временски период сумата изнесува околу 253 илјади денари.

Напоменуваме дека Уставниот суд не беше опфатен во извештаите на министерот за економија кој изминатиот период информираше за заштедите на електрична енергија во државните институции.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК