Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје и од 100 – 150м. на патниот правец Градско – Неготино.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

Можеби ќе ве интересира

ДВАЈЦА ТЕТОВЦИ ДОБИЈА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАСИЛСТВО – Осомничени дека физички нападнале 24-годишен сограѓанин

ДЕСК

ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА, ПА НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИ – Двајца млади тетовци завршија во полициска станица

ДЕСК

МУ БАРАЛ ПАРИ, ПА ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ – Инцидент меѓу малолетници во комбе за превоз на ученици

ДЕСК