Продуктивноста на трудот во земјоделството во Европската Унија се зголемила за 13 отсто во 2022 година, објави Европската статистичка служба Eurostat, врз основа на првите прелиминарни податоци од Економските сметки за земјоделство (EAA). Растот бил најмногу поттикнат од наглото поскапување на земјоделските производи.
Нарушувања на пазарот
Вонредни инфлациски притисоци ја обележаа годинава. Тие се резултат на проблемите во синџирот на снабдување што започна со пандемијата на коронавирус, како и војната во Украина која го наруши снабдувањето со енергија, ја доведе во прашање достапноста на голем број земјоделски инпути (особено ѓубрива) и трговијата со некои земјоделски производи.
Највисока проценета стапка на раст во 2022 година била во Германија, од 66,8 отсто, каде што просечниот раст на цената на производите од 29,5 отсто го надмина растот на цената на инпутот од 14 отсто. Остар раст е забележан во Естонија (32,8%), потоа Данска (29,8%) и Луксембург (29,6%).
Од друга страна, остар пад е забележан во Романија од 21,2 отсто, Словачка (-15,4 отсто), Португалија (-11,8 отсто) и Малта (-11,2 отсто).
Уште поголема продуктивност во однос на 2015 година
Споредено со 2015 година, индексот на реалниот доход на ЕУ во 2022 година е повисок за 19,8 отсто. Во истиот период е забележан континуиран вкупен пад на индексот на инпутот на трудот во земјоделството од 16,6 отсто. Заедно, овие промени доведоа до тоа продуктивноста на земјоделската работна сила во ЕУ да биде за 43,6 отсто повисока во 2022 година отколку во 2015 година.
Сепак, тие истакнуваат дека на првите проценки за 2022 година треба да се гледа со одредена претпазливост, бидејќи се користат нецелосни информации и се засноваат на модулации, кои можеби сè уште не ги одразуваат целосно пазарните трендови. Во мај 2023 година ќе бидат достапни проценките на EAA, кои ќе вклучуваат подетални и ажурирани тековни информации за пазарот.
извор: Agrotim.mk