Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца криумчари на мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје

Денеска (22.12.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода А.Ј.(22) и М.Д.(19), двајцата од Штип, затоа што во товарното возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., а М.Д. бил совозач, биле пронајдени 12 мигранти (7 од Сирија, 2 од Египет и 3 од Пакистан).
Околу 13.10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај наплатна станица Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но тоа не застанало и продолжило со движење, но , набргу возилото било запрено. Лицата се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите.
А.Ј. и М.Д. биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК