16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски: Започнавме со најголемиот инфраструктурен проект – 200 милиони евра за пругата кон Бугарија

„Државата започна со најголемиот инфраструктурен проект од 200 милиони евра, а тоа е пругата кон Бугарија. Голем дел од средствата за овој проект се обезбедени преку Европската банка, а соработката меѓу земјава, Бугарија, Албанија и Италија овозможи овој коридор, Коридорот 8 од спореден да стане главен коридор на Западен Балкан“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека изградбата на оваа пруга е еден од неуспесите од минатото, но доколку се навраќаме само на неуспесите и не се зафаќаме со работа, никогаш нема да се решат состојбите и да се направат проектите.

„Добро е да ги споменуваме како неуспех во минатото, но убеден сум дека започнавме со најголемиот проект во железничката инфраструктура и тој се работи. На терен се работи со многу механизација“ рече Бочварски.

Министерот кажа дека само со соработка меѓу државите може да направиме нашиот регион да заличи на европските региони со зајакната инфраструктура.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК