Centar.mk
БИЗНИС

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Сојузот на математичари на Македонија

Народната банка на Република Северна Македонија и Сојузот на математичари на Македонија склучија Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Македонската економска олимпијада којашто се организира за првпат. Македонската економска олимпијада ќе се одржи во мај 2023 година, по што најуспешните ученици ќе се натпреваруваат на финалето на Меѓународната економска олимпијада, на крајот на јули 2023 година.

Народната банка поддржува проекти за финансиска едукација на учениците и презема бројни активности за зголемување на финансиската писменост кај младите. За таа цел е и остварената соработка со Сојузот на математичари на Македонија, чија цел е откривање, поддршка и поттикнување на натпреварувачкиот дух на учениците со особен талент и знаења од областа на економијата, финансиите и бизнисот. Народната банка ќе сподели знаења, вештини и информации за учениците и за нивните ментори, заради зајакнување на финансиската едукација. Соработката ќе се остварува преку обуки и обезбедување едукативни материјали за подготовка на учениците од средното образование.

Државната економска олимпијада, којашто ќе се одржува на годишно ниво како натпревар меѓу учениците од средното образование, е наменета за поттикнување и продлабочување на знаењата од економијата, финансиите, бизнисот и примената на математичките модели во економијата.

Меѓународната економска олимпијада e престижен меѓународен натпревар по економија за учениците од средното образование, којшто се одржува од 2018 година наваму.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +