9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новиот центар за телемедицина во Скопје – „Сè за децата“ има за цел да овозможи пристап на пациентите до лекари специјалисти не напуштајќи го својот дом

Новиот центар за телемедицина беше отворен минатиот месец во Скопје со цел да се обезбеди здравствена заштита на најважните граѓани во Македонија – децата. „Сè за децата“ е производ на соработката помеѓу лекари специјалисти посветени на грижата за детското здравје.

Центарот е дизајниран да ги минимизира долгите периоди на чекање за слободни термини кај специјалисти и трошоците за транспорт на граѓаните, особено оние во изолираните области, за да им овозможи стручна квалитетна здравствена помош во нивниот дом. Според иницијаторот на идејата, М-р Д-р. спец. Ангелчо Андоновски „Центарот „Сè за децата“ ќе го премости јазот помеѓу граѓаните во руралните подрачја и квалитетните здравствени услуги преку создавање на беспрекорна видео комуникација помеѓу нив и стручните лекари специјалисти.”

М-р Д-р. спец. Ангелчо Андоновски, исто така, тврди дека над 60% од компликациите во педијатријата се должат на задоцнета дијагностика и ненавремена интервенција од страна на лекар специјалист поради спреченоста на родителите да посетат лекар (работни обврски, оддалеченост од здравствена установа, денови кога работи само итната служба итн.) и честопати доаѓа до развој на болеста која можела да се спречи со точна дијагностика и насоки од специјалист во најраната фаза.

Центарот ќе се користи како медицинска алатка за намалување на медицинските трошоци и значително зголемување на опсегот на пристап до пациентите. Тој е дизајниран да нуди специјализирани третмани за граѓаните по ниска цена. Исто така, овозможува континуирана бесплатна медицинска едукација на граѓаните, преку написите на Facebook и интернет страницата „Сè за децата“, за најновите вести и истражувања од најпознатите светски центри за педијатрија и трендовите кои моментално се актуелни во светот (www.sezadecata.mk/blog).

„Сè за децата“ користи современа интернет технологија за видео комуникација помеѓу пациентите и докторите што овозможува пренос на слика, звук и материјали од медицински испитувања од било која локација поврзана на интернет кон центарот. Овој начин на комуникација овозможува директна врска на пациентот и докторот или повеќе доктори – специјалисти истовремено.

Со организацијата на работа, во центарот има дежурен доктор, што овозможува моментална комуникација во случај на итност.

М-р Д-р. спец. Ангелчо Андоновски се надева дека центарот на крајот ќе го трансформира начинот на кој граѓаните размислуваат за пристап до здравствената заштита. Сепак, ова не е прв проект за телемедицина во Македонија. Имаше неколку обиди во последните десетина години да се воспостави овој начин на здравствена заштита во Македонија, но од различни причини проектите не се реализираа. Затоа тимот на лекари кои се посветени на грижата за детското здравје, го реализираше овој проект од сопствени средства и напомнуваат дека „Во понатамошниот период соработката ќе се проширува со лекари и фармацевти од секој крај на нашата земја, кои се подготвени да излезат во пресрет за здравјето на најважните граѓани на Македонија, а тоа се децата. Со еден збор, центарот „Сè за децата“ овозможува да имате сопствен личен лекар во својот дом во секое време.“

За повеќе информации посетете ја „Сè за децата“ www.sezadecata.mk

Спонзорирано: