23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Македонија има партизирано судство, криминалците се на слобода, а патриотите во затвор

Во Македонија има октроирано и заробено Обвинителство и судство од страна на оваа власт, комплетно партизирано и затоа криминалците и наркобандите се на слобода, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Ковачевски дека судството и Обвинителството сами можеле да се изборат за праведност.

Мицкоски потенцира дека тоа октроирано и партизирано судство и Обвинителство може да се види и по тоа што од партиски штабови се поставуваат претседатели на Судскиотсовет, Академијата за судии и обвинители.

„Од друга страна, имате коалиција што ја формираат криминалците и Владата. Кога имате една таква силна коалиција на Владата и криминалците, логично е дека никој од тие криминалци нема да одговара бидејќи власта преку октроираните и партизирани судии и обвинители прави притисок да не бидат обвинети и судени“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека додека има затворени чесни луѓе и патриоти судени за 27 април надвор од принципите на здравата логика, во исто време на слобода има криминалци затоа што се во коалиција со власта.

„Патриоти судени за 27 април, нешто што е надвор од принципите и здравата логика за нешто што не го сториле да седат со години во затвор, а од друга страна, имате докажани криминалци, наркобанди, кои се шетаат слободно, само поради таа непринципиелна коалиција што ја има Владата со криминалот и притисокот што го врши на октроираните обвинители и судии. Тоа е Македонија денеска под чизмата на овој хибриден режим што го водат ДУИ и СДСМ“, вели Мицкоски.