24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

Денеска (19.12.2022) во 00.25 часот на ул.„Карл Маркс“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.П.(31) од Штип. За него биле распишани две централни потерници по наредба на Основен суд Штип за издржување вкупна казна затвор од шест години за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

На 18.12.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа била затекната при обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ Куманово. М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

На 18.12.2022 во 12.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.И.(23) од тетовска Голема Речица. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во селото, а одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Е.И. ќе следува соодветен поднесок.

На 18.12.2022 во 11.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(56) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.12.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.М.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.12.2022 во 19.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.12.2022 во 01.10 часот на клучката за с.Волково, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ј.Т.(22) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.