Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Анкета на американската ИРИ: Лице на црната листа на САД има највисок рејтинг во Македонија?

Најновата анкета на ИРИ покажа дека поранешниот премиер Никола Груевски се уште ужива најголема популарност меѓу граѓаните во Северна Македонија, пишуваат македонските медиуми кои имале увид во анкетата, за која што Centar.mk не може официјално да потврди.

На прашањето „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, на која личност од Северна Македонија гледате најповолно“, 7% добил Никола Груевски, кој моментално живее во Будимпешта како азилант, а се наоѓа на црната листа на САД.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, на исто рамниште со Ахмети, а потоа следи премиерот Димитар Ковачевски со 5 проценти, Апасиев, Пендаровски и Касами со 3%, а Заев, Села и Бранко Црвенсковски со 2%.

Анкетиран е национално репрезентативен примерокот од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК