Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Богоев: Справувањето со енергетската криза е примарен фокус на Владата

Трибините „Силно и одлучно кон иднината“ се организираат за да се чуе мислењето на граѓаните за мерките за справување со кризата, кажа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето на Сител телевизија.

-Фокусот е поставен на мерките за светската енергетска криза, што е примарен фокус на Владата и СДСМ, за што беа издвоени 750 милиони евра за помош. Затоа на трибините разговараме за тоа кои мерки се добри или не, слушаме и критики и сугестии. Граѓаните на трибините ги поздравуваат мерите, но и најголемите сугестии од граѓаните се за кризата. Ни велат „мерките помагаат, но требаат уште повеќе“, кажа Богоев.

Тој исто така кажа дека на трибината во Скопје социјалдемократите повикуваат на општествено, национално и политичко обединување околу европската идеја.

-Одиме на добар пат, а добро е и на овој повик да се приклучат што повеќе чинители, политичките партии и пратениците, бидејќи сега е клучен момент. Сега пристапувањето кон ЕУ не зависи од Брисел или Софија, туку зависи од нас, односно кога ќе го завршиме скринингот и уставните измени. Треба да се зграпчи оваа шанса, порача Богоев.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК