Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата донесе две одлуки поврзани со Интерконективниот гасовод со Грција

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски ја разгледа и усвои Информацијата за донесување Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за Интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Грција и го донесе Урбанистичкиот план.

Oд Владата велат дека проектот Интерконективен гасовод Р.С. Македонија – Р. Грција претставува секција (дел) од целокупната мрежа којашто треба да се изгради на територија на Република Северна Македонија. Овој гасовод ќе биде гасовод што го поврзува системот за пренос на гас на Северна Македонија со грчкиот Национален систем за пренос на природен гас (NNGTS) во Неа Месимвриа. Гасоводот, според посочувањето од Министерството за транспорт и врски, ќе биде составен дел од Националниот гасификационен систем во Северна Македонија и ќе овозможи двонасочна трансмисија на природен гас на овој југоисточен дел од државата. Делницата за интерконекција меѓу Северна Македонија и Грција на територијата на нашата држава е со должина од 66.7 километри. Делницата почнува од границата со Грциjа и завршува кај Неготино, а крајната точка на оваа делница е спој со веќе изградената блок станица БС-08.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за склучување Дoговор за однапред резервиран капацитет (Advance reservation capacity agreement – ARCA), за резервирање капацитет на грчката страна од интерконекциската точка Евзони – Гевгелија и го одобри склучувањето на Договорот, донесувајки ја Одлуката со предложениот текст.

Реализацијата на проектот за изградба на Интерконективен гасовод со Република Грција претставува магистрален гасовод за пренос на природен гас за поврзување на Република Северна Македонија со Република Грција, што ќе овозможи обезбедување дополнителни количини природен гас на државата од различни извори на снабдување со природен гас. Овој интерконективен гасовод ќе овозможи диверзификација, сигурност во снабдувањето и можност за намалување на увозната цена на природниот гас, бидејки ќе се обезбеди достапност на природен гас од повеќе различни извори на природен гас, посочија од владината прес-служба.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК