Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Со буџетот на МВР планирани средства за бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа на полицијата

Во насока на зголемување на мотивираноста на полицијата, министерот Спасовски при презентација на предлог буџетот на МВР за идната година потенцираше дека се проектирани средства за бонус плата на вработените за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2022 година.

„Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година, но и предвидената во овој Буџет за остварени над 150 часа прекувремена работа во 2022, вработените во МВР веќе немаат дилема дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат. Само за илустрација, во 2022 година исплатени се бонус плати за 5.922 вработени, како бонус за 2021 година, во поединечен нето износ по вработен од 28.718 денари“, потенцираше министерот Спасовски, додавајќи дека на овој начин се овозможува продолжување на востановената заложба за создавање на модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК