Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Најсовремена форензичка лабораторија на Балканот и дигитализација на форензичките постапки

Министерот Спасовски објаснувајќи ги капиталните расходи на предлог буџетот на министерството за внатрешни работи за 2023 година потенцираше дека во скоро време ќе се пушти во употреба новата веќе изградена зграда на Форензичкиот центар која ќе биде најсовремена лабораторија на Балканот.

„Предвидени се средства за набавка на најсовремен автоматизиран систем за идентификација на отпечатоци за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.Со оваќе се надгради ефикасноста на овој Оддел, во насока на дигитализација на форензичките постапки, што е од интерес не само на институциите за спроведување на законот, туку и на сите граѓани.“, потенцираше министерот Спасовски.

За потсетување, инвестицијата на овој проект за изградбата на нова зграда за потребите на Крим – техника изнесуваше околу три милиони евра, а ќе овозможи подобрување на ефикасноста, ефективноста и квалитетот на работа на форензичките лаборатории. Овие нови услови, првенствено ќе овозможат истовремено повеќекратно спроведување на ист тип анализи, со што ќе се зголеми ефикасноста односно ќе се намали времето потребно за одговор во однос на одреден тип анализи.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК