Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски на Регионалната конференција за борба против корупцијата

Денеска, на покана на заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, присуствував на Регионалната конференција за борба против корупцијата, во организација на Владата на Република Северна Македонија во соработка со Регионалната анти-корупциска иницијатива (RAI) и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), соопшти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Конференција има за цел да ги истакне и промовира регионалните напори во борбата против корупцијата во контекст на процесот на пристапување во ЕУ, да ја зајакне регионалната соработка во надминување на заедничките предизвици во областа на антикорупцијата, да придонесе кон поддршка на јурисдикциите од Западен Балкан во напредокот со Регионалниот патоказ за борбата против корупцијата и незаконските финансии за Западен Балкан во контекст на Берлинскиот процес.

Минатата година, во Охрид, МВР беше домаќин на Церемонијата за усвојување на Регионалниот патоказ кој претставува конкретна испорака на договореното од страна на Управната група за преземени обврски од областа на безбедноста во рамки на Берлинскиот процес, напиша Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +