Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицијата му поднесе кривична пријава – Еве како скопјанец направил измама вредна над 100.000 денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Б.(56) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2022 година, со лажно прикажување на факти, го довел во заблуда законскиот застапник на оштетеното правно лице, претставувајќи се дека е соработник и овластен претставник на друго правно лице и дека сака да нарача трговска стока во име и за сметка на правното лице на кое што наводно е соработник и овластен претставник.

На тој начин, пријавениот во два наврата го навел оштетениот да му испорача различна трговска стока во вкупен износ од 113.100 денари.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК