Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кај осуденик во Идризово пронајден хероин, следува кривична пријава по брза постапка

На 12.12.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога презеде мерки и активности во Казнено-поправната установа Идризово, во врска со Р.С. од с.Љуботен, скопско, осуденик кој издржува казна затвор во установата.

Имено, на 12.12.2022, користејќи поволност за дозволено користење на излез од казнено-поправната установа, при враќање во затворот Р.С. се обидел да внесе хероин, со висока чистота, спакуван во две пресувани коцки, со вкупна тежина од половина килограм, кој при претрес од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со затворската полиција на КПУ Идризово, бил пронајден и одземен. Пронајдената дрога во чиста форма би достигнала вредност од околу 8.000 евра на големо, а подготвена во пакувања за поединечна продажба и до околу 45.000 евра.

Од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје, извршено е вештачење на дрогата од страна на Одделот за криминалистичко-технички истраги и вештачења, а во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело предвидено во член 215 од Кривичниот законик.

Видео

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +