Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ВМРО-ДПМНЕ да не тера политика и пласира дополнителна паника, дојавите за бомби се хибридни напади врз институциите, бараат од СДСМ

СДСМ со реакција до ДПМНЕ:

Дури и кога државните институции се цел на хибридни напади, а дојавите за бомби се токму тоа, ВМРО-ДПМНЕ не пропушта прилика да меша дневна политика.

ВМРО-ДПМНЕ до толку е во заложништво на Апасиев и Левица што станува поекстремна и поддржува хибридни напади.

Северна Македонија веќе извесен период е цел на хибриди напади кои имаат цел да создадат паника и несигурност во јавноста, но такви напади се случуваат и во регионот а последен пример за тоа се денешните масовни дојави за бомби во Црна Гора.

Министерството за внатрешни работи внимателно и професионално постапува по сите дојави за поставени бомби согласно предвидените процедури и тоа го прави во најбрз можен рок, а паралелно сите свои капацитети ги става во функција за лоцирање на виновниците за хибридните напади.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира дополнителна паника во јавноста и барем еднаш да застане зад институциите кои се соочуваат со сериозни напади.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +