Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Полицијата му влезе дома: Претрес и апсење во Кочани

Претрес во Кочани, приведен дилер, пронајдени 105 пакувања марихуана подготвени за продажба

Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани на 12.12.2022 околу 13.00 часот бил лишен од слобода Е.Х.(33) од Кочани.

Имено, по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кои ги користел Е.Х., при што се пронајдени и одземени 105 пакувања марихуана, подготвени за продажба. Дрогата е одземена, а лицето е приведено, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка согласно член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Сè поскапе и цените нема да се вратат назад, Владата ги остави граѓаните сами

ДЕСК

Поддршката на Малта за евроинтеграциите во фокусот на средбата Гаши-Фаруџа

ДЕСК

Филипче: Реформската агенда не е исполнета, се потврди уште една голема лага на Мицкоски

ДЕСК