22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАБИЗНИС

Горивата поевтинија – Бензинот и дизелот најевтини во последните 9 месеци

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 9.12.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,878%, кај дизелот за 2,729%, кај екстра лесното масло за 2,516% и кај мазутот намалувањето е за 2,069%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,151%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 ден/кг и сега ќе изнесува 39,370 ден/кг.

Од 13.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76 mkd, Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 денари

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС – 78 денари.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
12.12.2022
ул. Македонија бр