Согласно последните информации за текот на потрагата по лицето коешто се фрлило во водите на Вардар, во моментот дел од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема, вршат потрага по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот Близнак на Бул. Србија и низводно.
– Од дежурниот ситуационен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) е остварена комуникација и координација со Генералниот секретар на Црвенот крст на Град Скопје, при што е договорено ако лицето не биде пронајдено во текот на денешниот ден, Црвениот Крст во текот на утрешниот ден, рано наутро да испрати свои тимови (најверојатно два тима) со опрема и возила за да вршат пребарување на теренот по течението на реката Вардар, лево и десно низводно долж речното корито,велат од ЦУК. Инаку, во вакви случаи е информирана и е во тек со настанот и Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје што се вклучува за асистенција при вакви случаи ако се побара помош и од неа, односно ако биде анимирана како потребна на терен од страна на веќе ангажираните тимови за потрага.