11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Николоски од Прилеп: Оваа општина следната година нема да има неасфалтирана улица, а Владата да ги одобри општинските обврзници

Како носител во четвртата изборна единица, како човек кој што ги добил гласовите и тука во Прилеп, можам да кажам дека општина Прилеп добро напредува и дека за следната година има една добра развојна програма. Морам да кажам дека ова ќе е прва година каде што целосно Буџетот ќе биде креиран од страна на новата општинска администрација. Значи веќе ќе се работи со визија која што ја има градоначалникот, претседателот на Совет, советниците од советничкото мнозинство, кои што ја добија довербата на минатите локални избори, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„ Можам неколку работи да најавам, прво асфалтирање на преку 45 улици и улички во Прилеп што значи дека ќе нема улица поголема или помала која што ќе остане со дупки или во кал, односно ќе нема улица во Прилеп која што нема да има асфалт. Тоа е онашто граѓаните најмногу го посакуваат. Понатака, двата влеза и влезот од страна на Крушево, кој што треба да се направи, а исто така и влезот кој што доаѓа од оваа страна на градот би рекол кој што излегува према Плетвар и према Скопје, како и према и Македонски брод. Така што тоа е втората голема работа. А, третата голема работа е што зборуваме за неколку кружни текови во градот кои што ќе ги дискутираме и денес и утре со граѓаните.

Останува заложбата за водоводни и канализациони системи, како и реновирање и подобрување на условите во неколку општински основни и средни училишта.

Сето ова е предвидено со средствата кои што може да ги собере Општината во рамки на своите редовни приходи, а исто така општината планира да издаде обврзница, општинска обврзница во максимална вредност до пет милиони евра која што треба да затвори дел од крупните проекти“ рече Николоски.

Тој апелираше до целата Влада да се надминат себе и да сфатат дека и во градовите, и општините каде што СДСМ и ДУИ изгубија на минатите локални избори исто така живеат луѓе, а тоа, како што нагласи, е доминантниот дел од Македонија и да не ги блокираат општинските обврзници на Влада.