16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец за сторени седум кривични дела, дополнително расчистени уште четири тешки кражби

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ извршени во периодот од 10.11. до 08.12.2022 од викенд куќи и куќи на подрачјето на Штип. Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

По преземени мерки и активности дополнително се расчистени уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во текот на 2022 од товарно моторно возило, бутик, стан и куќа, за кои постојат основи на сомнение дека ги извршиле Д.М.(33), С.С.(26), Е.М.(20) и еден малолетник, за кои од претходно се преземени мерки. По комплетирање на случаите против лицата до ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Безбедносните служби не се играчка: Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

C +

Филипче: Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите, ова е преседан

C +

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +