Centar.mk
БИЗНИСвест

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата.

Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи можат да се пријават со комплетна документација до 20.12.2022 г и да бидат снабдувани преку ЕСМ продажба од 1.1.2023г.

Одлуката на владата со која на ЕСМ продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување.

ЕСМ продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици.

Можеби ќе ве интересира

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК