Centar.mk
БИЗНИСвест

ЕСМ продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија за дополнителни снабдувања по одлуки на Влада

ЕСМ продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија наменета пред сè за потребите за дополнителни снабдувања по одлуки и задолженија од Владата.

За набавката се потрошени 16.319,639 евра без ДДВ. Во оваа набавка беше вклучена и базна и пикова енергија кои се со различни цени, односно пониска и повисока, информираат од компанијата.

„Првичниот план за набавка на електрична енергија за декември изнесуваше 48.000 MWh електрична енергија, но по добиените задолженија од Влада на Република Северна Македонија за дополнително снабдување од 1 декември на уште 3 категории потрошувачи (Прехранбена индустрија, Основни и средни училишта и Јавни претпријатија за водовод) планот за набавка е ревидиран на количина од 64.000 MWh“ се вели во соопштението.

АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО.

Можеби ќе ве интересира

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК

Добра вест: “Мој ДДВ” останува во сила

ДЕСК

Цените на храната и пијалоците се намалени во декември, тврди Дурмиши

ДЕСК